Дома Твој готвач Потпечени тиквички со сирење

Потпечени тиквички со сирење

895
0

Едноставно јадење со тиквички во кое ќе уживате.

Состојки:

  • 3 тиквички
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 млади кромид
  • 1 мал куп босилек
  • 150 гр сирење
  • 2 јајца
  • 100 мл крем за готвење
  • 2 чешниња лук
  • сол, бибер
  • магдонос
  • 2 лажици пармезан

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Измијте ги тиквичките, исушете ги и исечете ги на потенки прстени, а потоа посолете сè убаво.

Исечете го кромидот и босилекот, и изрендајте го сирењето.

Доколку тиквичките испуштиле вода, исцедете ги малку и потоа измешајте со кромидот, босилекот и сирењето.

Садот за печење премачкајте го со маслиново масло, а потоа во него наредете ги подготвените тиквички.

Изматете ги јајцата, промешајте го кремот, исечете го лукот, додадете малку сол и бибер.

Со смесата, потурете ги тиквичките.

Печете околу 15 минути, а потоа посипете со пармезан и печете уште пет минути за да добиете жолта боја.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име