Мерењата во рецептот се наменети за четири лица.
Доколку ви треба појадок за целото семејство, а ви здосадиле омлетите во сендвичи, направете одлична комбинација од спанаќ и јајца. Мерењата во рецептот се наменети за четири лица, а подготовката нема да ви одземе премногу време.
Состојки:
3 супени лажици маслиново масло
1 мал кромид
450 гр спанаќ
½ лажица сол
½ лажица бибер
4 јајца
Подготовка:
Во голема тава загрејте го маслиновото масло. Додадете ситно сечкан кромид, динстајте пет минути додека мешате.
Додадете го измиениот и исечен спанаќ, сол и бибер и почекајте да се свари.
Распоредете го спанаќот на четири места за да може да се вметнат јајцата. Печете 3-4 минути, како јајцата на окото.
Секое јајце зачинете го со сол и бибер и послужете веднаш.