Дома Живот Помага во борбата против акните

Помага во борбата против акните

959
0

Мајчината душица ја уништува бактеријата propionibacterum acnes, главниот виновник за формирање на мозолчиња.

Мајчината душица ја уништува бактеријата propionibacterum acnes, главната причина за мозолчиња, тврдат британските научници.

Тим на истражувачи од Универзитетот во Лидс ги извлекле основните состојки од ова растение и ги измешале со активните состојки на мирта и невен.

Научниците ги оставиле да стојат седум дена во алкохол, а потоа добиената течност ја нанеле на бактериите кои предизвикуваат акни.

Резултатите покажаа дека мешавината на активни состојки од овие растенија е поефикасна од пероксид-бензенот што се наоѓа во сите креми против акни.

Притоа, оваа смеса или мајчина душица, која сама по себе е лек, не предизвикува црвенило и иритација на кожата, туку има антиинфламаторно дејство.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име