Дома Твој готвач Полнети тортиљи со ориз и зеленчук…

Полнети тортиљи со ориз и зеленчук…

1033
0

Тортињите се познат мексикански специјалитет кои сите го сакаат. Особено затоа што се подготвува во многу варијанти, вкусни се и многу лесни за подготовка. Денес ви предлагаме еден поинаков рецепт на тортиљи полнети со ориз и зеленчук погодни за пост или како вегетаријанско јадење

Состојки:
4 тортиљи
125 гр варен ориз
1 главица кромид
300 гр свежи пиперки од разни бои
2 лисја од зелена салата
100 гр никулци
свеж магдонос
сол , бибер

Подготовка:
Исчистената пиперка исечкајте ја на коцки и испржете ја заедно со исечканиот кромид.
Додадете го сварениот ориз, измиените никулци и сецкан магдонос.
Земете тортиља и врз неа ставете сечкана зелена салата, потоа додадете од подготвената смеса, повторете ја постапката за сите четири тортиљи. Украсете со магдонос.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име