Рецепт за полнети суви пиперки на кој нема да можете да им одолеете…
Состојќи:
10-12 суви црвени пиперки,
400 гр мелено мешано месо,
1 главица кромид,
1 шолја ориз,
1 помал компир,
мелен црвен пипер,
брашно,
масло,
сол,
лут пипер (доколку сакате)
бибер,
1 јајце,
1 чаша варени домати.
Подготовка:
Исчистете ги, измијте ги и попарете ги пиперките со топла вода за малку да омекнат. Во меѓувреме на масло пропржете го ситно исечканиот кромид, додадете го месото, посолете и заедно пропржете. Кога е готово, додадете го оризот, ренданиот компир, биберот и јајцето. Посипете со пипер по вкус. Со овој фил наполнете ги пиперките кои сте ги извадиле од водата и ги исцедивте. Наредете ги полнетите пиперки во садот во кој ќе се варат. Истурете вода до пиперките и кога ќе зовријат намалете ја температурата и варете ги на тивко најмалку 1 час. Кон крајот додадете ги сварените домати и лесно пропржете со малку брашно и пипер. Варете уште половина час за да се зготви смесата, а можете да ги печете во рерна.