Дома Нега и убавина “Погрешеното спиење” додава години на вашето лице

“Погрешеното спиење” додава години на вашето лице

788
0

Иако спиењето се смета како една од секојдневните активности што е повеќе од добредојдено, тоа може да биде клучен фактор за стареењето на кожата.

Дали знаете дека вашите навики за време на спиењето можат да го уништат целиот ваш напор околу негата на кожата и ефектите на кремите? Потребен е добар ноќен одмор, а исто така важна е положбата за време на спиењето.

Предвремено стареење може да се избегне ако е предизвикано од постојано спиење во лоша положба. Брчките предизвикани од положбата која ја заземате за време на спиењето можат да бидат трајни. Спиењето “на лице” (понекогаш) нема да создаде трајни брчки, но ако спиете на лицето од ноќ до ноќ, од недела во недела, од година во година … тогаш брчките создадени во спиење ќе останат трајно на вашето лице.

За да избегнете појава на брчки, најдобра положба за спиење е спиење на грб. Покрај придобивките за лицето, спиењето на грб е добро и за ‘рбетот. Менувањето на положбата на спиење не е лесно, но не е и невозможно, сето тоа е прашање на навика.

Треба да се напомене дека спиењето на грб не е најдобриот избор за луѓе кои имаат проблеми со болка во вратот, рефлукс и апнеја при спиење. Значи, сето ова е прашање на личен избор и се разбира изберете го тоа што е најдобро за вашето здравје.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име