Пита со сува смеса и јаболка
Сува смеса (мерката е чаша од 180 ml):
✦2 чаши брашно – 250 гр
✦ 1 прашок за пециво
✦2 чаши пченичен гриз (гриз) – 250 гр
✦½ чаша шеќер – 100 гр
✦1 ванилин шеќер
Подготовка:
Просејте брашно со прашок за пециво, додадете пченичен гриз, шеќер и ванилин шеќер.
Полнење:
✦1500 гр кисела јаболка
✦½ чаша шеќер – 100 гр
✦2 ванилин шеќери
✦цимет по желба
И повеќе:
✦200 гр путер или маргарин
Подготовка:
Излупете ги и изрендајте ги јаболката. Кон нив додадете шеќер, ванилин шеќер и цимет и убаво измешајте.
Калапот за печење со димензии 30 x 20 cm убаво намачкајте со путер или маргарин. Сувата смеса поделете ја на 3 дела, а филот на 2 дела. Во калапот прво ставете ја сувата смеса, па филот.
Повторете ја сувата смеса уште еднаш, па филот. Завршете со сувата смеса и одозгора изрендајте путер. Печете на 180 °C околу 45 минути. Изладете малку, исечете ги на коцки и посипете со шеќер во прав.