Вкусен додаток на јадења со месо.
Состојки:
- 100 гр целер
- 300 гр компири
- 300 гр грашок
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажица путер
- сол, бибер
Подготовка:
Исечкајте ги кромидот и лукот, компирите и целерот се сецкаат на коцки.
На путер кратко пропржете го кромидот, па додадете го лукот.
Кога лукот ќе ја ослободи аромата, додадете ги компирите, грашокот и целерот. Посипете со вода за да го покрие зеленчукот, додадете сол, бибер и варете додека зеленчукот не омекне.
Омекнатиот зеленчук процедете го и испадирајте го со миксер или блендер за да добиете пире.
Добар апетит!