Меки и многу вкусни пилешки стекови во сос од лимон.
Состојки:
- 600 гр пилешко бело месо
- 50 мл масло
- сок од еден лимон
- сол, бибер
- 10 гр брашно
- 100 мл бело вино
- 150 мл крем за готвење
- 20 гр путер
- магдонос
- 1 лажица сув билен зачин
Подготовка:
Месото исечкајте го на шницли, намачкајте ги со сув зеленчук и сол и посипете со сок од лимон.
Вака подготвените шницли оставете ги малку да отстојат.
Потоа посипете ги со брашно и пржете ги на загреано масло, со набрашнета страна надолу
Кога ќе добијат убава светло кафена боја, прелијте ги со вино и малку пропржете.
Кон крајот измешајте го кремот за готвење, додадете малку сок од лимон, бибер и додадете уште сув билен зачин.
Оставете сè да зоврие, а кон крајот измешајте го путерот во сосот.
Истурете врз шницлите, посипете ги со магдонос и декорирајте со парчиња лимон исечени на кругови.