Дома Здравје Пиете кафе за да се разбудите: Има еден многу, многу подобар пијалок

Пиете кафе за да се разбудите: Има еден многу, многу подобар пијалок

893
0

Сите можеме да се согласиме дека кафето има свои (здравствени) придобивки, а има и добар вкус, но постои пијалок со кој е уште подобро да се започне денот – топла вода со лимон.

Водата со лимон не само што брзо ја гаси утринската жед, туку е богата со витамини и хранливи материи, а во продолжение ќе дознаете кои се другите придобивки од водата со лимон.

Подигнување на енергија

Лимоните се природен извор на калиум, калциум и магнезиум, а содржат и бројни електролити кои го хидрираат вашето тело додека се ослободуваат од токсините.

Посилен имунолошки систем

Кога витаминот Ц од лимонот се меша со вода, тие дејствуваат како адаптоген, природна супстанца која ги нормализира процесите во телото и му помага во борбата против вирусите и другите инфекции.

Губење на тежина

Дали некогаш сте слушнале за пектинските влакна? Ја одложуваат апсорпцијата на гликоза во организмот и го нормализираат бројот на липиди во крвта, а ја намалуваат и желбата за храна. Поради сето ова, тие ви помагаат да изгубите тежина, а добрата вест е што лимоните се преполни со пектински влакна.

Намалување на стресот

Депресијата и анксиозноста можат да бидат резултат на недостаток на калиум во крвта, па дури и мирисот на лимон може да го смири вашиот нервен систем.

Убава кожа

Лимоните се оружје против се што предизвикува акни и воспаленија на вашата кожа. Антиоксидансите од лимонот можат да ги избришат брчките и флеките од кожата, а неговите антивоспалителни својства можат да ги ублажат акните и црвенилото.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име