Стар леб за брза вечера или појадок! Рецептот за совршено печен леб со јајце содржи и неколку мали тајни!
Состојки:
парчиња стар леб
јајца
рендан кашкавал
млеко
малку масло
Подготовка:
Вклучете ја рерната на 220 степени. Исечете го стариот леб на парчиња.
Во сад изрендајте го кашкавалот, додадете го млекото, малку масло и јајцата и изедначете.Лебот убаво потопете го во течноста од двете страни.
Обложете плех со хартија за печење и наредете ги кришките леб во мали интервали една од друга. Печете околу половина час, додека не поруменат.