Дома Твој готвач Печени бадеми со зачини, вистинско уживање…

Печени бадеми со зачини, вистинско уживање…

1846
0

Ви се јаде ужина попладне или сакате да уживате во празничните вечери во најубавиот период од годината, тука сме ние да ви ја исполнеме желбата со еден лесен и брз рецепт за приготвување – крцкави бадеми.

Состојки:

2 чаши цели (сурови бадеми) 2 лажици маслиново масло 1 лажичка сол 1/2 лажиче лук во прав 1/2 лажиче црвен пипер 1/2 лажиче чили во прав.

Постапка:

1) Загрејте ја рерната на 250 степени. Ставете ги бадемите во подлабок сад. Додадете ги маслиново масло, сол, лук во прав, црвен пипер, чили во прав и измешајте убаво. Во плех со хартија за печење рамномерно распоредете ги бадемите со зачини. 2) Печете 10-12 минути, потоа извадете ги и оставете ги убаво да се изладат за да станат крцкави.

Наздравје…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име