Дали мислите дека е важно да знаете која е вашата крвна група само кога станува збор за трансфузија на крв? Не си во право! Истражувачите веруваат дека крвната група е клучен генетски фактор кој влијае на многу аспекти на нашето здравје.
Сигурно некогаш сте се запрашале во вашиот живот зошто некои луѓе лесно слабеат, додека за други тоа е залудна борба. Можеби сте биле вознемирени од прашањето зошто некои страдаат од хронични болести, додека други успеваат да останат здрави и витални дури и во поодминати години. Одговорот лежи во вашата крвна група.
Познавањето на крвната група е многу важно ако сакаме да разбереме како нашето тело реагира на храна, подложност на разни болести, природна реакција на стрес и многу повеќе. Една капка крв содржи биохемиска структура која е единствена и неповторлива како отпечаток од прст.
Во продолжение прочитајте факти за вашата крвна група кои можат да ви го променат животот.
Со помош на вашата крвна група можете да предвидите колку сте чувствителни на одредени болести
Истражувањата покажаа дека луѓето со одредена крвна група имаат поголем ризик од одредени болести. Истражувањата покажуваат дека луѓето со нулта крвна група имаат помал ризик од срцеви заболувања, но поголем ризик од стомачни заболувања. Луѓето со крвна група А имаат поголема веројатност да страдаат од микробна инфекција. Од друга страна, повисока стапка на плодност е откриена кај жените кои имаат крвна група А. Луѓето со АБ и Б крвни групи се изложени на поголем ризик за рак на панкреасот.
Луѓето различно реагираат на стрес врз основа на крвната група
Луѓето со крвна група А најчесто имаат повисоки нивоа на хормонот на стрес кортизол, кој нивното тело го произведува како одговор на различни стресни ситуации. Од друга страна, луѓето со нулта група реагираат на стрес со тоа што нивното тело произведува повеќе адреналин. Тие потешко се опоравуваат од стресот бидејќи на телото му треба повеќе време за да се ослободи од овој хормон.
Антигени од вашата крвна група се насекаде!
Антигените се насекаде во телото, особено во оние делови кои имаат контакт со надворешниот свет. Ова го вклучува целиот дигестивен систем: од устата до дебелото црево.
Бидејќи тие се насекаде во телото, антигените влијаат на тоа како телото реагира на храната на многу начини. На пример, лектинот од храната се врзува за антигени и, во зависност од крвната група, предизвикува згрутчување на крвта, што резултира со зголемено чувство на замор, главоболки, проблеми со кожата и варење.
Стомачните бактерии се поврзани со крвната група
Луѓето со различни крвни групи имаат и различни видови бактерии во стомакот. Некои бактерии имаат 50.000 пати поголема веројатност да се појават кај луѓе со одредена крвна група. Ова доаѓа од нашите предци, чии дигестивни системи еволуирале во однос на одреден тип на исхрана. На пример, микробиомот (збирот на сите микроби во телото) еволуирал кај одредени луѓе за поефикасно да ги разградува јаглехидратите. Тоа е случај со крвната група А. Луѓето кои ја немаат оваа способност (нулта крвна група) складираат јаглехидрати како масти.
Не постои универзален пристап кон исхраната
Диетите се менуваат, но една работа останува иста: не сите луѓе имаат исти потреби во исхраната. Нашите потреби може да се одредат според крвната група. На интернет можете да најдете илјадници совети и списоци со храна за различни крвни групи. Ова може да ви помогне да изберете диета која ќе ви помогне да изгубите тежина, да го подигнете нивото на енергија и генерално да имате подолг и поздрав живот.
Значи, крвната група не е важна само кога станува збор за трансфузија на крв. Тоа е важен генетски фактор кој игра важна улога во телото.