Дома Здравје Пет начини како да го исфрлите вишокот вода од телото

Пет начини како да го исфрлите вишокот вода од телото

2273
0

Насобраната вода во организмот често може да не заведе да веруваме дека имаме вишок килограм, па се поставува прашањето како да се ослободиме од вишокот течности во организмот и кои се мерките за превенција.

Еден од најчестите фактори за задржување на водата е прекумерното внесување сол. Бубрезите имаат задача да ја регулираат количината на вода што телото ја одржува или излачува, а ако се консумираат оброци со голема количина на натриум, бубрезите ќе ја задржат водата за да го разредат тоа високо ниво на сол.

Постојат и други фактори кои можат да влијаат на задржувањето на водата, како што се:

Лоша исхрана

Слаба циркулација

Недостаток на движење и премногу седење

Недостаток или вишок на некои витамини и минерали

Проширени вени

Стресот

Менструалниот циклус

Предолго изложување на топлина

Алергии

Заболувања на црниот дроб

Срцева болест

Болест на бубрезите

Проблеми со тироидната жлезда

Одредени лекови

Постојат многу симптоми кои укажуваат на вишок вода во телото, додека заедничките области зафатени од симптомите се потколениците, рацете, нозете, градите и стомакот.

Во нозете, стапалата и рацете, симптомите вклучуваат:

Отокот

Промени во бојата на кожата

Сјајна или отечена кожа

Се остава впечаток кога прстот ќе се притисне во кожата

Болка во нозете

Вкочанетост во зглобовите

Зголемување на телесната тежина

Исто така, причините можат да бидат од здравствен карактер, а кога станува збор за тоа, најчесто се поврзани со работата на бубрезите.

Начините кои можат да помогнат да се исфрли вишокот течност се следниве:

Пијте вода – Водата за пиење ќе помогне да се разреди нивото на натриум во вашето тело. Исто така, внесот на вода може да помогне во губење на тежината.

Движете се – Физичката активност е секогаш добредојдена, а може да ни донесе бројни придобивки за здравјето на организмот. Со потењето се ослободува вода од телото, како и електролити како што е натриумот, кој може да биде причина за надуеност.

Елиминирајте ја преработената храна – Индустриски преработената храна содржи и бројни вештачки адитиви, кои исто така можат да влијаат на задржувањето на водата во организмот. Покрај тоа, тие можат да влијаат и на таложење на непотребни килограми.

Ограничете го внесот на јаглени хидрати – Јадењето јаглехидрати нема директно да предизвика задржување на водата. Сепак, за секој грам јаглени хидрати складирани во телото како гликоген, телото задржува околу 3 грама вода. На овој начин телото ја одржува својата рамнотежа. Но, кога јадете помалку јаглени хидрати или помал број калории, ќе го потрошите гликогенот, а со тоа и водата, пишува Totally Wellness.

Магнезиум – Храна богата со магнезиум се зелен лиснат зеленчук, бадеми, авокадо… Магнезиумот позитивно влијае и на работата на нервниот систем.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име