Дома Живот Пет намирници кои го зајакнуваат имунитетот во текот на зимата

Пет намирници кои го зајакнуваат имунитетот во текот на зимата

1058
0

Свежото овошје и зеленчук се помалку достапни во текот на зимата, затоа понекогаш треба да бидете креативни во снабдувањето на организмот со витамини, минерали и други хранливи состојки од храната.

Кефир:

Овој ферментиран млечен производ содржи олигосахариди, еден вид сложени јаглени хидрати кој храни корисни бактерии во желудникот и го зајакнува имунитетот. Чувајте го кефирот на ладно место бидејќи активните култури се чувствителни на високи температури.

Кисела зелка:

Киселата зелка е еден од главните извори на витамин Ц во зима. Бидејќи се добива со процес на ферментација, таа има многу здрави бактерии кои го зачувуваат здравјето на желудникот и го штитат организмот од болести.

Артичока:

Артичоката е одлична замена за пробиотиците. Содржи несварливи хранливи материи кои ги хранат корисните бактерии во дигестивниот тракт и го зајакнуваат здравјето на организмот.

Банани:

Бананите се одличен извор на калиум и магнезиум. Овие минерали се исклучително важни за организмот во состојба на стрес, истоштеност и замор, па затоа се одлични сојузници во зајакнувањето на имунитетот во текот на зимата.

Комбуха:

Чајот од чајната габа, кој е богат со витамини од групата Б, обезбедува многу од потребната енергија во зимските месеци. Се добива со процес на ферментација.Комбухата содржи неколку пати поголемо количество витамин C отколку лимонот. Од витамините од Б групата ги содржи: B1, B2, B3, B6 и B12. Содржи и различни видови ензими. Посебно е значајно да се истакне присуството на млечната – L киселина, која во еден литар течност може да достигне и до 3 ml.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име