Дома Твој готвач Песто од кромид: Готово за 10 минути и идеално како сос или...

Песто од кромид: Готово за 10 минути и идеално како сос или намаз

2155
0

Песто од кромид: Готово за 10 минути и идеално како сос или намаз

Пестото со млад кромид е одличен сос за оние кои сакаат поинтензивни вкусови и сакаат да пробаат нешто поразлично од класичното песто. Кромидот е препознатлив по мирисот и вкусот. Содржи високо ниво на витамин Ц, богат е со антиоксиданси, има силни антибактериски својства, па затоа е добра идеја да го вклучите во вашата исхрана.

Пестото е традиционален италијански сос, обично се прави со босилек. Подготовката на песто со млад кромид е многу едноставна и брза, а сосот можете да го комбинирате со тестенини, да го користите како намаз на леб и да го послужите со разни други јадења.

Состојки:

100 гр свеж млад кромид

50 гр ореви

50 гр рендан пармезан

100 мл маслиново масло

1-2 чешниња лук

Сок од половина лимон (околу 2 лажици)

Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Добро измијте го кромидот и исушете го. Излупете го лукот.

Во блендер или процесор за храна измешајте млади кромид, ореви, рендан пармезан и лук. Блендирајте додека смесата не се исецка крупно.

Додека работи блендерот, полека додајте го маслиновото масло низ дупката во капакот. Продолжете со матење додека не добиете мазна смеса.

Додадете сок од лимон, сол и бибер по вкус. Блендирајте уште малку за да се соединат добро сите состојки.

Можете да го користите пестото веднаш или да го чувате во стерилизирана тегла. Истурете малку маслиново масло врз пестото за да спречите оксидација и чувајте го во фрижидер до една недела.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име