Рибата е една од најздравите намирници на планетата. Богата е со хранливи материи како протеини и витамин Д. Исто така е богат извор на омега-3 масни киселини кои се исклучително важни за нашето тело и мозок. Ние ви предлагаме одличен рецепт на пастрмка од рерна…
Состојки:
- 4 пастрмки,
- 1 главица црвен кромид,
- 4 чешниња лук,
- 1 морков,
- магдонос,
- сол, бибер,
- рузмарин,
- ловоров лист,
- лимон,
- маслиново масло,
- малку бело вино,
Подготовка:
Исчистете ги и посолете ги пастрмките.
Ситно исечкајте ги кромидот, лукот и магдоносот, покрупно изрендајте го морковот, додадете сол, бибер и масло, а потоа измешајте се убаво и наполнете ги пастрмките.
Тавата добро подмачкајте ја, па наредете ги рибите, прелијте со маслиново масло и бело вино.
Додадете малку рузмарин, ловоров лист и печете на 200 степени додека не поруменат.
За време на печењето, повремено прелијте ги со маснотиите од тавата.
Исцедете лимон над пастрмката и сервирајте со рендан компир со блитва или со ориз.