Дома Здравје Откриено која храна е најопасна за дијабетичарите

Откриено која храна е најопасна за дијабетичарите

1003
0

Откриено која храна е најопасна за дијабетичарите

ЦРВЕНОТО месо е една од најризичните намирници за луѓето кои боледуваат од дијабетес, предупредува гастроентерологот Нурија Дијанова. Врз основа на неодамнешните истражувања, Дијанова укажува на силна поврзаност помеѓу честото консумирање црвено месо и зголемениот ризик од дијабетес.

Минатогодишното истражување на примерок од 216.000 учесници, спроведено во текот на дури 36 години, покажа јасна поврзаност помеѓу црвеното месо и дијабетесот. „Во текот на истражувањето, болеста била дијагностицирана кај 22.000 луѓе. Учесниците кои често консумирале црвено месо имале 62% поголем ризик од развој на дијабетес“, вели Дијанова од Московскиот научно-истражувачки центар за здрава исхрана. Овие резултати укажуваат на сериозен ризик за дијабетичарите и оние кои се склони кон оваа болест.

Замената на една порција црвено месо со протеини од растително потекло, како што се јаткастите плодови и мешунките, може драстично да го намали ризикот од дијабетес – дури 30%, тврди Дијанова. Јаткастите плодови и мешунките се богати со протеини кои се побезбедни за дијабетичарите бидејќи не содржат заситени масти кои се наоѓаат во црвеното месо.

Според гастроентеролог, заситените масти и хем железото, кои ги наоѓаме во црвеното месо, можат да поттикнат воспалителни процеси и оксидација во телото. Овие реакции не само што го зголемуваат ризикот од дијабетес, туку придонесуваат и за акумулација на висцерални масти и отпорност на инсулин, што дополнително ја отежнува контролата на шеќерот во крвта и го загрозува здравјето на дијабетичарите.

Овие наоди сугерираат дека дијабетичарите треба да размислат за намалување, па дури и избегнување на црвеното месо во нивната исхрана. Изборот на растителни извори на протеини не само што може да го намали ризикот од дијабетес, туку и да го подобри вашето целокупно здравје.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име