Дома Нега и убавина Ослободете се од темните кругови под очите со овие 4 намирници!

Ослободете се од темните кругови под очите со овие 4 намирници!

825
0

Темните кругови под очите и вреќичките под очите може да се појават од повеќе причини, но најчесто тоа е замор, исцрпеност или анемија. За жал, тие можат да останат под вашите очи уште неколку месеци откако ќе го средите телото, но не очајувајте! Овие намирници се природни лекови кои можете да ги користите за борба против темните кругови – наместо да ги покривате со шминка, ослободете се од нив засекогаш!

Краставици

Краставиците на очи се класичен пример за спа третман кој изгледа навистина функционира. Краставиците всушност ги смируваат воспалителните процеси кои предизвикуваат отекување и митесери, а содржат и голем број на антиоксиданси и витамини Ц и К кои помагаат во намалувањето на промената на бојата под очите. За да го максимизирате овој ефект, прво добро изладете ги краставиците, бидејќи ниските температури го намалуваат таложењето течност под очите.

Компири

Немте краставици? Нема проблем, компирот е исто толку ефикасен, а исто така ја одржува температурата подолго од краставиците, па ќе остане ладен подолго. Компирите содржат и големи количини на витамин Ц и други материи кои ќе ја нахранат вашата кожа, па затоа се одличен избор за смирување на иритираните места под очите. Пред третманот, ставете ги компирите во замрзнувач (околу 30 минути), а потоа исечете ги на тенки парчиња. Потоа ставете ги парчињата на очите 15 минути.

Кесички зелен чај

Не сакате да ставате зеленчук на очите? Наместо краставици и компири, можете да користите разладени кесички чај – студената температура ќе го намали отокот, а зелениот чај природно ќе ја смири чувствителната кожа бидејќи содржи антивоспалителни својства. Исто така, зелениот чај се користи во многу козметички производи бидејќи помага за забрзување на циркулацијата и намалување на знаците на стареење.

Авокадо

Ако темните под очите под очите се предизвикани од дехидрација на кожата, авокадото ќе помогне да исчезнат. Хранливите масни киселини кои се наоѓаат во авокадото можат да ја вратат природната влажност и еластичност на вашата кожа и да ја стимулираат циркулацијата, што треба да ги ублажи темните кругови под очите и да ги намали ќесињата под очите. Природна маска од авокадо можете сами да подготвите – потребно ви е едно зрело авокадо, половина шолја овес и две лажици мед. Нанесете на лицето и потоа исплакнете по 10-15 минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име