Дома Твој готвач Оригинален рецепт за македонски пинџур: Повкусен од љутеница, сериозна конкуренција за ајвар

Оригинален рецепт за македонски пинџур: Повкусен од љутеница, сериозна конкуренција за ајвар

768
0

Оригинален рецепт за македонски пинџур: Повкусен од љутеница, сериозна конкуренција за ајвар

Зимско палто без кое не можеме да ја замислиме зимата

Заедно со ајварот и љутеница, пинџур е специјалитет без која не може да се замисли зимница за домаќинство на нашите простори. Пинџур е јадење кое по потекло е наше – македонско, но рецептот брзо се рашири низ целиот Балкан.

Нашиот спеијалитет ги краси трпезите во сите поранешни југословенски републики, се јаде и се сака „рамо до рамо“ со ајварот .

Состојки:
1,5 кг печени пиперки
800 гр печен модар патлиџан
400 мл густ сок од домати
50 гр лук
3-4 дл масло
40 гр сол
1 лажица шеќер
1 лажица оцет
2 лути пиперки (по избор)
Подготовка:
Испечете ја пиперката и модар патлиџан и излупете ги. Сомелете ги модар патлиџан и лук. Исечкајте ја пиперката. Ако ви е полесно, можете да ја сомелете пиперката наместо да ја исецкате.

Загрејте го маслото во тава, а потоа додадете ја пиперката.


Пржете го околу 15 минути, а потоа додадете го модар патлиџан и постепено прелијте ги доматите. Варете на тивко околу половина час.

Не заборавајте да мешате често, бидејќи модар патлиџан лесно се лепи. На крај додадете сол, шеќер и оцет. Се вари уште една минута, а потоа се става во стерилизирани тегли. Оставете да се излади.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име