Дома Твој готвач Орео десерт во чаша со шумски плодови…

Орео десерт во чаша со шумски плодови…

641
0

Едноставен и вкусен десерт кој се подготвува брзо и лесно.
Се подготвува брзо, и исчезнува уште побрзо кога ќе го послужите! Идеално задоволство што можете да го чувате во фрижидер, а потоа кога ќе ви падне „шеќерот“ и сакате слатко уживање, еве можност да се опоравите и да добиете дополнителна енергија.


Состојки:
100 гр мелени бисквити Орео,
100 гр шумско овошје,
60 мл вода,
2 лажици шеќер,
1 лажица густин,
200 мл слатка павлака,
125 гр крем сирење,
1 ванилин шеќер,
Подготовка:
Промешајте го густинот со вода и измешајте го со шумското овошје и шеќерот. Сето ова ставете го во сад на тивок оган дури да се згусне и оставете го на собна температура да се излади. Повремено мешајте го за да не се формира кора на површината.
Со миксер измешајте ја слатката павлака со ванилиниот шеќер потоа додадете го крем сирењето и измешајте.
Во шолји или мали чинии, наизменично наредете грубо мелени бисквити Орео, овошниот крем и најгоре кремот од слатка павлака крем сирење. По желба украсете ги десертите со свежо или замрзнато овошје. Ставете ги во фрижидер 1 час за да се оладат добро пред да ги послужите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име