Огромна грешка што сите ја правиме со медот: Еве во што никако не смеете да го ставате бидејќи ги губи сите својства
Медот, кој речиси секој го има во својот дом, дава бројни здравствени придобивки и е незаменлив дел од здравата исхрана.
Медот одамна е познат како една од најздравите намирници, а редовното консумирање носи бројни здравствени придобивки. Како прво, медот го зајакнува имунолошкиот систем, но ова е само едно од многуте корисни ефекти на оваа скапоцена храна.
Медот има позитивен ефект врз здравјето на срцето. Помага во регулирање на нивото на шеќер и холестерол во крвта, што го намалува ризикот од срцеви заболувања. Неговото антибактериско дејство дополнително го поддржува здравјето на срцето и крвните садови.
Извор на антиоксиданси и енергија
Медот ја подобрува циркулацијата и го стимулира обновувањето на крвните зрнца, што придонесува за општото здравје на организмот. Дејствува и против стресот и го подобрува варењето, што помага да се отстранат токсичните материи од телото.
Оваа храна е богата со антиоксиданси и одличен извор на енергија. Според препораките на експертите, дневната доза од една до две лажички мед може значително да го подобри нутриционистичкиот статус на организмот.
Како да консумирате мед
Најдобро е медот да се консумира наутро, на празен стомак, околу 30 до 40 минути пред појадокот. Медот може да се конзумира и со топол чај, но важно е да се напомене дека водата треба да биде топла, а не жешка. Имено, медот никогаш не треба да се става во зовриена вода бидејќи ќе ги изгуби своите уникатни квалитети и ќе се претвори во едноставен сладок сируп. Екстремно топла вода може да ги уништи корисните ензими и хранливи материи во медот.
Медот, кој речиси секој го има во својот дом, дава бројни здравствени придобивки и е незаменлив дел од здравата исхрана. Со редовно консумирање мед, можете да го зајакнете имунолошкиот систем, да го подобрите здравјето на срцето, да го регулирате нивото на шеќер во крвта и да ги обезбедите потребните антиоксиданси и енергија за секојдневните активности.