Дома Здравје Овој зеленчук е спас за маснотии и дијабетичари! ГО НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ за...

Овој зеленчук е спас за маснотии и дијабетичари! ГО НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ за само 4 недели, а кај нас поретко се користи

9
0

Овој зеленчук е спас за маснотии и дијабетичари! ГО НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ за само 4 недели, а кај нас поретко се користи

За жал, немаме навика често да го јадеме овој зеленчук и дефинитивно треба бидејќи е и здрав и многу вкусен.

Синиот модар патлиџан е исклучително богат со влакна и целулоза, поради што позитивно влијае на правилното функционирање на дигестивниот систем. Исто така, содржи значителна количина на пектин (желе од зеленчук), кој е клучен за намалување на нивото на лошиот холестерол. Неговата фитохемикалија, наречена сапонин, има антиинфламаторни и антиалергиски и антиканцерогени ефекти. Истражувањата покажаа дека содржи и биофлавоноиди кои ги штитат клетките од оштетување и канцерогени заболувања.

Од минералите, синиот модар патлиџан има најмногу калиум, поради што е корисен и за нормализирање на крвниот притисок. Најбогат е со витамини од групата Б (рибофлавин, тиамин, ниацин), кои особено поволно делуваат на нервниот систем. Исто така, витамините од групата Б придонесуваат за подобрување на циркулацијата на крвта во кожата, го спречуваат нејзиното сушење и создаваат услови за поттикнување на регенерацијата и нормална работа на лојните жлезди.

Витамините и минералите кои ги содржи патлиџанот имаат антибактериско и антиинфламаторно дејство, поради што се смета за добар сојузник на имунитетот. Фитонутриентите од сино-виолетовиот зеленчук го намалуваат ослободувањето на хистамин, чие покачено ниво предизвикува несоница и нарушувања на расположението.

Студија објавена од страна на бразилското здружение за кардиологија покажала дека модар патлиџан може да го намали нивото на холестерол за само четири недели.

Научникот го проучувал ефектот на овој зеленчук врз мастите во крвта кај зајаци со покачен холестерол. Зајаците прво биле хранети со храна богата со холестерол и кокосово масло, кое е богато со заситени масти, четири недели. Последните две недели добивале и по 10 мл сок од патлиџан дневно. Се покажало дека групата која конзумирала сок од модар патлиџан имала значително пониско ниво на холестерол во плазмата, како и пониско ниво на ЛДЛ, таканаречениот лош холестерол.

Заклучокот од студијата е дека сокот од модар патлиџан може да ја намали телесната тежина и нивото на холестерол кај лабораториските животни .

„Кај зајаците со хиперхолестеролемија, сокот од модар патлиџан значително ја намали нивната телесна тежина, нивото на холестерол во плазмата, содржината на холестерол во аортата и концентрацијата на MDA во лошиот холестерол и клетките на крвните садови, како и зголемени фактори за ендотелијална релаксација (EDRF) – изјавија авторите на студијата.

А за да бидете сигурни дека ќе внесете свеж модар патлиџан во вашето тело, внимавајте дали неговата боја е тапа виолетова, а стеблото е цврсто.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име