Дома Родители и деца Овие 7 работи родителите им ги дозволуваа на децата во 80-тите и...

Овие 7 работи родителите им ги дозволуваа на децата во 80-тите и 90-тите години, а денес е скоро незамисливо!

1255
0

Повеќето родители денес никогаш не би им дозволиле на своите деца да прават работи што порано биле вообичаени…
Детството на денешните генерации е сосема различно од воспитувањето на нивните родители. Многумина ќе се согласат дека порано било порелаксирано и безгрижно без стравови со кои се соочуваат денешните деца.
Модерното време и ерата на дигитализацијата го сменија светот, а денес децата имаат пристап до паметни телефони, лаптопи и социјални мрежи. Затоа, многу деца поминуваат сè повеќе време дома на компјутер отколку на игралишта и на улица.
Иако често се чини дека тогаш детството било безгрижно, повеќето од денешните родители не го прифаќаат стилот на воспитување во 80-тите и 90-тите.

Ќизија или куцкамен

Тие ги оставаа децата дома сами
Во тоа време, вообичаено беше родителите да ги оставаат своите деца сами дома, додека тие беа на работа. Малите деца знаеја кога ќе се вратат од училиште да звршат некои домашни работи и сами да си постават јадење.

Самостојно возеа велосипед без кацига
Во осумдесеттите и деведесеттите имало заштитни кациги, но децата не ги носеле, ниту пак родителите се грижеле дали детето ќе добие гребнатина или модринка. Се разбира, имаше исклучоци. Од друга страна, во денешно време, носењето заштитни кациги е честа појава кај децата, особено затоа што секој ден читаме ужасни вести за повредите и последиците од паѓање од велосипед.

Тие ги возеа во автомобил без автомобилско седиште за деца
Детски седишта постоеле и тогаш, но повеќето родители не ги користеле. Денес, родителите се толку исплашени поради можни сценарија, а законот исто така ги обврзува децата да се возат на автомобилски седишта.

Тие ги пуштаа децата да играат каде било
Во тоа време, децата поголемиот дел од своето време го поминуваа надвор, играјќи разни игри кои се непознати и незамисливи за денешните генерации. Безгрижно играње во песок, скокање на ластик, прскање со деца од соседното маало, играње со билии и многу други беа секојдневие на децата. Денес, ваквите игри се како филмови од научна фантастика за денешните генерации, бидејќи родителите не ги оставаат своите деца да играат сами и се плашат што може да земат во рака.

Играње со билии

Тие не се грижеа толку многу за тоа што ќе јадат децата
Генерациите од 80-тите и 90-тите практично јадеа, додека денес многу внимание се посветува на кои состојки децата внесуваат во организмот, во кое време јадат и во кои количини.

Тие им дозволуваат да пијат вода од цревo
Секоја личност која во тоа време беше дете се сеќава колку беше забавно да се пие вода од цревата. Иако, се покажа дека ова не е најбезбедна опција поради токсични хемикалии, но денес родителите посветуваат посебно внимание на тоа од каде децата пијат вода. Многу родители не им дозволуваат на своите деца да пијат вода од чешма, им купуваат вода од маркетите.

Постарите деца се грижеа за помалите браќа и сестри
Додека родителите заработувале на работа, постарите деца се грижеле за помалите сестра или брат. Денес, многу родители не дозволуваат учениците да останат сами со 3-годишно дете, но грижата им ја доверуваат на возрасни.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име