Дома Психолошки совети Овие 6 дневни активности не прават посреќни!

Овие 6 дневни активности не прават посреќни!

725
0

Допаминот е хормон за добро чувство кој се произведува во мозокот и не прави среќни.

Мозокот го ослободува преку одредени активности и однесувања, од кои многу ги правите секој ден, пишува Huffpost.

  • Секогаш кога учествуваме во активности кои се сметаат за клучни од гледна точка на нашето тело, нашиот мозок ослободува големо количество допамин, што треба да ве поттикне повеќе да се занимавате со таа активност, изјави др. Киран Ф. Рајнеш, професор по неврологија.

Ослободувањето на овој хормон е исто така дел од секојдневната функција на вашето тело и може да биде корисно да знаете кога се ослободува допаминот и кога може да очекувате да почувствувате благо зголемување на расположението како резултат.

Јадење
Рајнеш вели дека секоја активност што е „еволуциски заштитничка и суштинска за нашата благосостојба и опстанок“ ослободува допамин. Можноста да се најде храна и да се јаде таа храна секако спаѓа во оваа категорија. Некои студии дури велат дека јадењето предизвикува ослободување на допамин двапати: првиот пат кога храната се јаде и повторно кога храната е во стомакот.

Пиење вода

Размислете за тоа: кога сте навистина жедни, чаша вода делува како награда, па не е ни чудо што исто така го стимулира ослободувањето на допамин во вашиот мозок. Но, не сите голтки вода ослободуваат допамин.

– Ако е топол, летен ден, тогаш пиењето вода треба да го зголеми нивото на допамин во мозокот, а тоа треба да биде еден од најефикасните начини за нивно зголемување, изјави др. Хитоши Морикава, професор на катедрите за невронаука и психијатрија.

Примање пофалби

Еден многу вообичаен начин да се ослободи допаминот е да се фалат децата за доброто однесување, вели Рајнеш. Пофалбите предизвикуваат ослободување на допамин во мозокот на децата, а истото важи и за фалењето на домашните миленици. Во овие ситуации, нивното добро однесување е засилено со добрата природа на ослободувањето на допамин. Истото важи и кога возрасните добиваат пофалби. Значи, испраќањето роденденска честитка или порака на вашиот пријател всушност прави повеќе добро отколку што мислите.

Играње видео игри

Многу студии измериле и откриле дека играњето видео игри води до ослободување на допамин во мозокот кај некои луѓе, тврди Морикава. Иако ова само по себе не е лоша работа, може да стане негативно ако чувството за играње видео игри е премногу позитивно или премногу забавно.

  • Кога ќе го зголемите нивото на допамин, понекогаш навистина станувате зависни од одредени активности. Во овој случај, таа активност би можела да биде видеоигри, што може да доведе до проблеми за луѓето кои не се професионални гејмери, како што се студентите кои треба да прават домашна задача наместо да играат, рече Морикава.

Секс

Сексот предизвикува ослободување на ендорфин, а студиите покажуваат дека предизвикува и ослободување на допамин. За време на еволуцијата, допаминергичниот систем еволуираше за да го промовира опстанокот и одржувањето на нашиот вид, вели Морикава. Со други зборови, постои инстинктивна причина зошто сексот изгледа толку примамлив. Нашиот мозок е способен да знае дека сексот е важен за опстанок, а невроните кои ослободуваат допамин го прават тоа кога ќе ја почувствуваат наградата поврзана со чинот.

Активности кои ја подобруваат вашата благосостојба

Медитацијата и другите активности исто така може да доведат до ослободување на допамин, тврди Рајнеш.

„Вклучувањето во активности кои ја подобруваат вашата благосостојба, како што се јога, вежбање, хоби и игри, може да помогне во ослободувањето на допаминот во мозокот и дополнително да го подобри вашето чувство за благосостојба и здравје како што сака природата“, додаде тој.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име