ОВИЕ 4 РАБОТИ НЕ ПРАВЕТЕ ГИ ПО ЈАДЕЊЕ: Само ќе направите повеќе штета отколку добро
Има многу совети што да не се прави после јадење. Иако некои предлози се вистинити, има и многу заблуди. Еве ја вистината:
- НЕ јадете овошје
Иако е многу здраво, ако го земете овошјето веднаш по јадење, ќе го зголемите времето потребно храната да стигне до цревата и ќе предизвика надуеност на вашиот стомак. Најдобро е да се зема овошје најмалку еден час пред или после јадење.
- НЕ пијте чај
Киселината во чајот предизвикува проблеми поради протеинот во храната и може да предизвика стомачни проблеми после јадење. Ако сте жедни, многу е подобро да пиете вода.
- НЕ се капете
За да ја свари храната, на желудникот му е потребна крв. При капење се случува токму спротивното, крвта се пренасочува кон рацете и стапалата, а со тоа се забавува варењето. Може да се туширате и капете, но половина час пред или после јадење.
- НЕ одете на прошетка веднаш
Физичката активност е секако важна, но ако пешачите веднаш после јадење, ќе ги спречите дигестивните ензими максимално да ги искористат витамините и минералите од храната што сте ја јаделе. Почекајте дваесет минути, па дури потоа прошетајте, тогаш се претпочита пешачење бидејќи метаболизмот уште повеќе ќе се забрза.