Дома Здравје Овие здрави грицки можат да ви помогнат да се ослободите од несаканите...

Овие здрави грицки можат да ви помогнат да се ослободите од несаканите килограми!

1316
0

Најголемиот предизвик со кој се соочуваме кога сакаме да ги изгубиме несаканите килограми е всушност од биолошка природа – сепак мораме да јадеме!

Секојдневното грицкање веројатно ве доведе до точка кога одлучивте дека е време да се ослободите од неколку килограми, па затоа е важно да размислите за вашите навики кога станува збор за грицките. Ако ги вклучите во вашата исхрана како ужина, тие можат да имаат стратешка вредност бидејќи тогаш можат да ви помогнат да изгубите тежина. Важно е да грицкате, затоа ви носиме листа на намирници кои од научна гледна точка можат да играат клучна улога во губењето на несаканите килограми.

Јаболка

Јаболката се богати со растителни влакна, така што ќе ви го наполнат желудникот и ќе ви помогнат да го контролирате грелинот – хормон кој го контролира гладот. Јаболката содржи и некои хемиски состојки кои помагаат во согорувањето на мастите.

Слатки компири

Еден сладок компир содржи само 120 калории, а неговите состојки помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта. Покрај тоа, тој е богат со влакна кои ќе ве држат сити долго време.

Чај од нане

Шолја фин чај лесно може да ја замени желбата за чоколадо. Чајот од нане може да ви помогне да се чувствувате сити и на тој начин да ја намалите желбата за други (нездрави) закуски.


Грчки јогурт

Грчкиот јогурт е одличен, но внимавајте на додадените шеќери. Една порција грчки јогурт треба да содржи помеѓу 2 и 7 грама шеќер. Исто така, избегнувајте варијанти со овошје, чоколадо или мед. Наместо тоа, додадете ги вашите „зачини“ и уживајте во добар десерт.

Пуканки

Четири шолји пуканки содржат само 120 калории, а со нив добивате многу влакна, па оваа закуска едноставно ќе ве засити. Внимавајте да не користите (многу) масло!


Кељ

Наместо да купувате чипс, направете домашна, здрава верзија. Едноставно исечете го кељот, намачкајте го со маслиново масло и ставете го во рерна. Кога чипсот е готов, можете да го посипете со малку сок од лимета и ќе добиете убава закуска која речиси не содржи калории. Исто така, кељот е богат со калциум за да ви помогне да изгубите тежина.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име