Дома Здравје Овие две овошја се најдобри сојузници за намалување на холестеролот…

Овие две овошја се најдобри сојузници за намалување на холестеролот…

917
0

Одличен извор е на здрави масти!

Кое овошје го намалува холестеролот? Првиот сојузник на овој пат се јаболката, а за вториот можеби не сте знаеле како функционира!

Ако имате висок холестерол, постојат намирници кои треба да ги зголемите во вашата секојдневна исхрана бидејќи тоа ќе ви помогне природно да го намалите холестеролот.

Здравата исхрана е првиот чекор кон одржување на нормално ниво на холестерол, а два вида овошје се вашите најдобри сојузници на патот!

Првите се јаболката, една од најдобрите намирници кои го намалуваат холестеролот. Јаболката содржат влакна, особено растворливите влакна пектин, кои го намалуваат LDL или „лошиот“ холестерол.

Како функционира пектинот? Го спречува телото да апсорбира премногу холестерол и го пренесува во крвотокот, каде што дополнително ќе се таложи на ѕидовите на крвните садови. И тоа не е се – од сите намирници кои содржат пектин, јаболката се „победник“ бидејќи телото на најдобар начин го користи пектинот од нив.

Но, постои уште едно овошје за кое никогаш не би рекле дека помага за намалување на холестеролот на природен начин. Тоа е авокадо , одличен извор на здрави масти.

Harvard Health известува дека здравите масти во исхраната можат да ги заменат нездравите, што ќе го намали нивото на холестерол.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име