Ова се првите симптоми кои може да укажуваат на рак на дојка
Доколку се препознае и лекува навреме, смртноста значително се намалува
Ракот на дојката е малигно заболување кое настанува кога нормалните вродени клетки на дојката ги менуваат своите својства и почнуваат неконтролирано да растат, да се размножуваат и да го уништуваат околното здраво ткиво.
Променети клетки
Променетите клетки потоа можат да одат до лимфните и/или крвните садови и на тој начин да ја рашират болеста на други делови од телото.
Иако самата причина за рак на дојка е непозната во повеќето случаи, бројни епидемиолошки студии покажуваат дека постојат неколку познати фактори на ризик кои се поврзани со развојот на рак на дојка. Доколку навреме се препознае и се лекува, смртноста од рак на дојка значително се намалува. Токму затоа, велат лекарите, исклучително е важно да се реагира кога ќе се појават првите симптоми.
Според Exress, тие симптоми се:
- грутка во градите
- задебелување или вдлабнување во градите
- зголемување на едната дојка
- невообичаени промени на кожата на брадавиците и градите
- болки во градите.
Посета на лекар
Според Cancer Research UK, грутките се еден од првите симптоми на рак на дојка што повеќето луѓе го забележуваат. Иако повеќето грутки на дојката не се канцерогени, важно е да посетите лекар за да ги проверите.