Дома Здравје Ова се најчестите симптоми на дијабетес

Ова се најчестите симптоми на дијабетес

1197
0

За дијабетес треба да се посомнева и доколку наеднаш се појави зголемен глад, замор и исцрпеност, трнење во стапалата, бавно зараснување на раните и инфекција.

Доколку имате зголемено чувство на жед, често уринирате, добро јадете, а килограмите ви се чини дека се топат и лесно се уморувате, треба да се консултирате со вашиот избран лекар, бидејќи горенаведените симптоми укажуваат на дијабетес. Треба да се посомневаме и на дијабетес ако одеднаш се појави следново:

зголемен глад,

замор и исцрпеност

заматен вид,

трнење во стапалата,

бавно зараснување на раните и инфекција.

За да се открие болеста навреме и правилно да се лекува, експертите препорачуваат лицата постари од 40 години секоја година да прават систематски преглед кој вклучува и контрола на шеќерот, холестеролот и крвниот притисок. Ова е важно бидејќи дијабетесот е болест која не боли.

Исто така, експертите потсетуваат дека со намалување на вишокот телесна тежина за само 10 отсто, ризикот од развој на дијабетес се намалува за 50 отсто, крвниот притисок за 10 mmHg и вкупниот холестерол за 10 отсто!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име