Дома Здравје Ова се знаци дека ви недостасува железо

Ова се знаци дека ви недостасува железо

1170
0

Железото е минерал кој му е потребен на човечкото тело за неговиот раст и развој. Со помош на железо, нашето тело создава хемоглобин, протеин во црвените крвни зрнца кој го носи кислородот од белите дробови до другите делови на телото. Поради овие причини недостигот на овој минерал во организмот не треба да се сфаќа лесно, поради што е важно навреме да се препознаат симптомите на недостаток на железо и да се започне со соодветна терапија.

Како се јавува недостаток на железо?
Постојат неколку причини кои го објаснуваат недостатокот на овој минерал, но најчести се следните четири :

загуба на крв (поради повреда, менструација, внатрешно крварење);
несоодветна исхрана (низок внес на храна богата со железо );
слаба апсорпција на железо;
бременост (дефицитот на железо е чест кај трудниците).


Овие групи имаат најголем ризик од недостаток на железо, а тоа се:

жени (поради тешка менструација);
новороденчиња (особено предвремено родени бебиња);
вегетаријанци;
луѓе кои често даруваат крв.

Кои се знаците на недостаток на железо?
Знаците на дефицит на железо на почетокот можеби не се премногу изразени. Меѓутоа, со текот на времето, тие стануваат поочигледни, а луѓето со овој недостаток најчесто ги доживуваат следниве симптоми :

често чувство на слабост;
хроничен замор;
болка во градите;
брз пулс;
останување без здив;
чести главоболки и / или вртоглавица;
ладни дланки и стапала;
намален апетит;
необична желба за исклучиво одредена храна.


Доколку имате некој од овие симптоми, не ја започнувајте терапијата сами, туку задолжително закажете преглед кај лекар за да се уверите дека навистина имате недостаток на железо. Доколку вашиот лекар ја потврди дијагнозата, најверојатно ќе ви препорача да консумирате повеќе храна богата со овој минерал.

Извор: Аktivni.si

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име