Дома Здравје Ова му се случува на нашето тело кога пиеме кафе после консумирање...

Ова му се случува на нашето тело кога пиеме кафе после консумирање алкохол

911
0

Многу луѓе мислат дека шолја кафе ќе ги отрезни малку по алкохолот, но ефектот на кофеинот всушност може да биде опасен. Истражувањата покажаа дека мешањето на алкохол и кафе го зголемува ризикот од несреќи и повреди. Можеби сте слушнале дека шолја кафе ги поништува ефектите на алкохолот, но тоа не е баш така.

Кога ќе почнете да пиете и нивото на алкохол во крвта ви се зголемува, се чувствувате возбудено и овој ефект трае околу час и половина, но потоа има пад и станувате уморни, како што пишува Би-Би-Си .

Кофеинот може да помогне овде бидејќи ве „крева“ делувајќи како контрамерка на заморот предизвикан од алкохолот. Ова е причината зошто кафето често се служи после ручекот. Но, само затоа што се чувствувате повнимателно поради кафето не значи дека сте трезни.

Сè уште има намалување на когнитивните функции, а тоа ќе престане само кога црниот дроб ќе го апсорбира целиот алкохол и тој ќе се разложи во телото. Кафето нема да го забрза тој процес.

Напротив, постојат студии кои ни кажуваат дека мешањето на алкохол и кафе може да ги влоши работите. Една студија спроведена на американски студенти покажа дека на тој начин сте изложени на поголем ризик од несреќи и повреди. Покрај тоа, можете да пиете повеќе алкохол поради кофеинот.

Имено, само затоа што кафето го поништува заморот од алкохол, можеби мислите дека сè уште можете да пиете, а всушност веќе сте прилично пијани.

Затоа, ако се опијаните, не посегнувајте по кафе, туку легнете и наспиете се добро. Тоа е единственото решение што навистина функционира.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име