Дома Здравје Ова е препорачаната ДНЕВНА ДОЗА мандарини

Ова е препорачаната ДНЕВНА ДОЗА мандарини

1256
0

Моќното цитрусно овошје со кое треба да бидете умерени. Мандарините се многу здрави, но не треба да се претерува.

Мандарините се овошје кое е полно со витамин Ц – тие обезбедуваат дури 80% од дневниот внес на овој витамин. Витаминот Ц може да го забави развојот на болести на дебелото црево, а исто така влијае на астма, остеоартритис или ревматоиден артритис.

Покрај тоа, мандарините се богати со витамини од групата Б, калциум, магнезиум, цинк и калиум. Тие исто така ги стимулираат функциите на мозокот и придонесуваат за подобра меморија, а се препознаваат по пријатниот мирис и освежителниот вкус.

Меѓутоа, како што треба да бидете умерени во се, така е и со мандарините.

Препорачаната дневна доза од ова овошје е до седум парчиња.
Ако консумирате повеќе од седум мандарини, тогаш тоа може да влијае на зголеменото ниво на шеќер во крвта, а превисокото ниво на фруктоза може да доведе до вишок килограми.

Затоа, уживајте во мандарини, но умерено.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име