Дома Психолошки совети Ова е најчудниот и најбрзиот начин да се смирите

Ова е најчудниот и најбрзиот начин да се смирите

1019
0

Човечкото тело е комплицирано и интересно, но кој можеше да претпостави дека и вакво нешто е возможно?


Сите имаме денови кога се чини дека речиси ништо не оди, се оди наопаку и дека постојано сме обземени од еден бран на стрес , обврска, проблем. Работиш од дома, имаш дваесет мејлови кои не си ги ни отворил, работа што само се трупа, ручекот почнува да врие, непеглан куп алишта те гледа од аголот, а дете плаче и прашува што побрзо да нацртате слон…итно треба да бидете смирени за да можете се да завршите на време, а доколку не сте љубител на медитација, овој рецепт сигурно ќе ви се допадне.

Едноставно е – ставете го палецот во уста и дувајте во него .

Да, добро прочитавте.


Како што еднаш објасни д-р Арун Гош , вработен во болница во Ливерпул за Дејли Меил , ова ќе го активира вагусниот нерв, најдолгиот и најкомплексниот кранијален нерв кој поврзува многу внатрешни органи со централниот нервен систем и влијае на телото. Иако палците не се блиску до овој нерв, со правилно изведување на оваа техника тој може да се стимулира, а доволно е палецот да го ставите во уста како бебе, да го притиснете со усните за да создадете вакуум и силно да дувате.


Ова ќе го зголеми притисокот во стомакот и градите, па вагусот ќе се активира и брзо ќе го забави отчукувањата на срцето. Само две од многуте функции кои овој нерв ги има во телото се забавување на срцето и намалување на крвниот притисок, односно смирување, а д-р Гош објаснува дека стресот побрзо се намалува доколку дувате во палецот за да го разладите.

  • Оваа идеја доаѓа од фактот дека палецот има свој пулс, а ако можете да го смирите, можете да го смирите и срцето – објасни тој. – Со дување ќе се олади палецот и дополнително ќе се смири отчукувањата на срцето, бидејќи студот го успорува пулсот. Овој метод може да помогне и бидејќи самиот чин на дување ве тера да го продлабочите дишењето, што делува смирувачки.

Тој додаде дека кислородот е природен противотров на адреналинот, кој исто така ја забрзува работата на срцето, па затоа препорачува многу длабоко вдишување седум секунди, задржување на воздухот три секунди и потоа издишување седум секунди.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име