Дома Живот Ова е вистинската причина за гласното ‘рчење

Ова е вистинската причина за гласното ‘рчење

1299
0

Научниците открија дека луѓето со подебел јазик се изложени на поголем ризик да развијат нарушувања на спиењето.

Научниците ја открија вистинската причина за нарушувања на спиењето во кои дишењето накратко престанува. Таканаречената „апнеја при спиење“ е сериозно пореметување кое се манифестира со гласно ‘рчење, а според најновите научни истражувања причина за ова нарушување би можело да биде – јазикот.

Научниците открија дека луѓето со подебел јазик се изложени на поголем ризик да развијат нарушувања на спиењето. Ако се прашувате како ќе знаете дали имате дебел јазик, одговорот е едноставен. Сè што треба да направите е целосно да го проширите јазикот.

Ако не можете да ја видите увулата (делот од мекото непце од кој виси раб) во центарот на усната шуплина, тогаш имате дебел јазик.

Иако е познато дека нарушувањата на спиењето се поврзани со прекумерната тежина, научниците не знаеле точно како прекумерната тежина е поврзана со нарушувања на спиењето и нивниот несакан ефект – ‘рчењето. Сега се чини дека мистеријата е решена: имено, луѓето со прекумерна тежина најчесто имаат дебел јазик.

Меѓутоа, истражувањата покажале и дека слабеењето позитивно влијае на намалувањето на дебелината на јазикот, а доколку дебелината на јазикот се намали за само еден процент, за истиот процент ќе се намали и ризикот од појава на пореметување на сонот.

Студиите спроведени на 67 испитаници со прекумерна тежина, кои исто така страдаат од нарушувања на спиењето, покажаа дека кај луѓето кои успешно изгубиле тежина во период од шест месеци, симптомите на нарушување на спиењето се намалиле за дури 30 проценти.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име