Со зголемувањето на температурите, сите ние бараме начини да се разладиме во жешките летни месеци. Еве неколку намирници што треба да ги јадете во текот на летото за да се освежите и разладите.
Домат
Доматите содржат големи количини на антиоксиданс ликопен, за кој е познато дека е моќен превентор на рак. Црвените домати имаат 94 проценти вода, додека зелените сорти имаат околу 93 проценти вода. Можете да додадете домати во салати или сендвичи, што го олеснува нивното вметнување во секојдневните оброци.
Диња
Дињата е одлична за гаснење на жед и освежување. Дињата има малку калории и голема содржина на вода (95 проценти) што ја прави идеална храна во текот на летните месеци.
Лути пиперки
Лутите пиперки ги стимулираат рецепторите во устата што предизвикува потење и помага при ладење.
Целер
Целерот има многу малку калории. Чаша сецкан целер содржи само 16 калории. Од друга страна, овој зеленчук има дури 95 проценти вода.
Брокула
Брокулата е здрав зеленчук. Богатата е со растителни влакна што е добро за дигестивниот систем и контролата на шеќерот во крвта. Покрај тоа, брокулата содржи дури 91 процент вода.
Краставици
Краставиците се идеален избор во текот на летото бидејќи содржат големи количини вода што му помага на организмот да се олади. Имено, краставиците содржат дури 95 проценти вода, пишува списанието Hello .