Дома Здравје Оваа промена на КОЖАТА е првиот знак за заболување на црниот дроб

Оваа промена на КОЖАТА е првиот знак за заболување на црниот дроб

496
0

Оваа промена на КОЖАТА е првиот знак за заболување на црниот дроб: Доколку го забележите овој симптом на вашите РАЦЕ, веднаш посетете лекар.

Заболување на црниот дроб може да се забележи и на дланките.

Црниот дроб игра важна улога во функционирањето на телото, од начинот на кој нашето тело ја вари храната до исфрлањето на токсините. Ја нарекуваме прочистувач, и тоа со добра причина. Кај лицата кои имаат заболување на црниот дроб, неговата функција е нарушена, што значи дека не работи правилно, а последиците може да бидат цироза, па дури и откажување на овој орган. Затоа е важно да ги забележите првите симптоми дека вашиот црн дроб не работи правилно.


Иако врската помеѓу здравјето на црниот дроб и кожата можеби не е очигледна, експертите велат дека лезиите на најголемиот орган во човечкото тело често се првиот знак за внатрешни проблеми.

Промените на кожата може да бидат прв знак за заболување на црниот дроб. Препознавањето на овие знаци е клучно за раната дијагноза, според студијата на Клиниката во Кливленд.


Промените на кожата се изненадувачки чести кај луѓето со заболување на црниот дроб, речиси половина ги имаат. Така, 43 проценти од луѓето со алкохолна цироза имаат кожни лезии.


Експертите прават разлика помеѓу овие лезии и таканаречените Бирови дамки. Тоа се мали хипопигментирани точки со неправилна форма на рацете и нозете. Сигурно досега сте ги виделе често на свои раце, наликуваат на „шаренилото“ на кожата поради студот. Кога ќе ги притиснете тие исчезнуваат.Тоа е затоа што ова нарушување не влијае директно на пигментацијата.

Доколку го забележите ОВА на вашата кожа, не го игнорирајте


„Бировите дамки“ веројатно се резултат на воспаление на кожата и вените, што доведува до нарушена циркулација. Додека заболувањето на црниот дроб може да се манифестира како овие промени на кожата, експертите од Националниот институт за здравје (NIH) забележуваат дека многу случаи се идиопатски, што значи дека основната причина е непозната. Во ретки случаи, тие се дел од системско заболување.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име