Дома Здравје Оваа девојка јадела по едно јаболко секоја вечер пред спиење 30 дена,...

Оваа девојка јадела по едно јаболко секоја вечер пред спиење 30 дена, еве што и се случило

8307
0

Оваа девојка јадела по едно јаболко секоја вечер пред спиење 30 дена, еве што и се случило

Сите знаете дека за вашето здравје е добро да јадете по едно јаболко секој ден. Ана (29) го направи токму тоа, а она што се случи потоа драстично и го промени животот на подобро.

„Имав лошо варење, се чувствував подуено и бев склон кон дебелеење иако многу тренирав и движев. Потоа прочитав дека јаболката се богати со влакна и дека треба да јадете барем едно дневно. Решив да го следам тој совет и после тоа повторно се родив“, ја започнала својата приказна.

Секоја вечер додека гледала телевизија јадела по едно јаболко, а сега не може да се ослободи од таа навика.

„Вечерам полесна и јадам јаболко околу 22 часот. Се чувствувам многу „полесно“ наутро, а она што ми е најважно, секое утро имам столица, што порано беше ретко. Порано одев во тоалет на секои два до три дена, понекогаш ми требаше подолго, а сега ми е чудно ако не го сторам тоа веднаш штом се разбудам. „Ако една вечер не јадам јаболко, наутро немам столица“, признава таа. Додала дека истото го пробала и со некое друго овошје, но дека јаболкото секогаш ќе биде најдобро.

Едно средно јаболко, имено, содржи околу 4 грама влакна, што е исклучително важно за варењето на човекот.

Освен тоа, со оглед на тоа дека е богато со влакна, јаболкото ќе ве држи сити подолго време, иако има само околу 95 калории.

На човечкото тело му треба подолго време за да ги свари сложените влакна отколку шеќерот или рафинираните житарки, па ова е уште една причина зошто треба да ги јадете.

Имено, се препорачува дневно во организмот да се внесуваат од 25 до 40 грама влакна.

Освен што се добри за варење и го забрзуваат метаболизмот, јаболката помага и при отежнато дишење. Ако консумирате пет или повеќе јаболка неделно, функцијата на белите дробови ќе се подобри поради антиоксидансите кои се наоѓаат во кората на јаболкото.

Дополнително, луѓето кои јадат повеќе од едно јаболко дневно имаат помал ризик од добивање на неколку видови на рак – јајниците, дојката, простатата, дебелото црево, хранопроводникот…

Јаболката се добри и за здравјето на срцето, се поврзани со намален ризик од дијабетес, добро делуваат на здравјето на коските и го штитат мозокот од стареење.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име