Овој десерт, кој ќе го обожаваат сите љубители на чоколадото, се подготвува во едно тенџере и е готов за кратко време. Пожелно е да се чува неколку часа во фрижидер пред послужување, но доколку итно ви треба вкусен десерт, можете да го ставите во замрзнувач 20-30 минути и веднаш да го послужите.
Толку брзо и едноставно и толку убаво! Прво, самите го пробавме, а сега го споделуваме со вас . Уживајте!
Состојки:
230 гр бисквити petite beurre (може да користите и интегрални)
115 гр омекнат путер
115 гр шеќер
115 гр темно чоколадо
1 јајце
Дополнително:
230 гр темно чоколадо за глазура
Подготовка:
Намачкајте со путер и обложете го тркалезниот сад со дијаметар од 18-20 cm со мрсна хартија или проѕирна фолија , не мора да одговара за рерна. Измешајте го путерот со шеќерот додека шеќерот не стане ронлив. Додадете го јајцето и продолжете да мешате. Кога се убаво ќе се пени, додадете го топлото растопено чоколадо и продолжете со мешањето. На крајот измешајте ги искршените бисквити , не ги сецкајте многу, со големина на бадем . Добро измешајте да ги покриете сите парчиња бисквит со кремот. Внимателно префрлете го во садот, внимавајќи особено долниот дел, кој ќе биде горниот дел од колачот, да е добро притиснат и да нема празнини. Ставете во фрижидер неколку часа да се стегне. Превртете ја изладената торта на плехот ипокријте со чоколадна глазура .