Дома Здравје Необичен симптом на покачен холестерол може да се појави и на прстите

Необичен симптом на покачен холестерол може да се појави и на прстите

922
0

Необичен симптом на покачен холестерол може да се појави и на прстите
Акумулацијата на масни наслаги во артериите го ограничува протокот на крв во мускулите на нозете, поради што пациентите ги чувствуваат горенаведените болки


Високиот холестерол е потенцијално фатална состојба која погодува милиони луѓе. Како што објаснуваат лекарите, во повеќето случаи многу луѓе дури и не сфаќаат дека имаат висок холестерол додека не развијат сериозни компликации како срцев удар или мозочен удар.

Иако повеќето симптоми често поминуваат незабележано, лекарите укажаа на еден необичен симптом кој може да биде знак за покачен холестерол, а се појавува на нашите прсти, пишува Sun.

Според NHS, грчеви или затегнатост во нозете или стапалата, поконкретно во прстите, може да бидат знак за таканаречената периферна артериска болест предизвикана од високите нивоа на холестерол во крвта.

Оваа вообичаена срцева болест е токму компликација предизвикана од нетретираниот висок холестерол.

Акумулацијата на масни наслаги во артериите го ограничува протокот на крв во мускулите на нозете, поради што пациентите ги чувствуваат горенаведените болки.

Како што објаснуваат експертите, кај многу луѓе првите знаци на оваа состојба започнуваат бавно и нередовно, најчесто со непријатност како замор и грчеви во нозете и стапалата кои се влошуваат со физичка активност.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име