ФАНТАСТИЧЕН КОЛАЧ ЗА САМО 10 МИНУТИ…
Состојки:
- 250 гр маргарин,
- 250 гр шеќер,
- 5 лажици мед,
- 100 гр чоколадо,
- 150 гр сечкани ореви,
- 250 гр корнфлекс,
Подготовка:
На средна температура растопете ги маргаринот, шеќерот, медот и чоколадото.
Тргнете го од оган, па измешајте ги оревите и корн флексот.
Добро измешајте и истурете во тавче подмачкано со масло.
Распоредете рамномерно и притиснете до саканата висина.
Кога ќе се олади и стврдне, се сече на штангли или други форми.