Дома Здравје На овој дел од телото се забележува зголемен крвен притисок! Ако го...

На овој дел од телото се забележува зголемен крвен притисок! Ако го видите, посетете лекар

4182
0

На овој дел од телото се забележува зголемен крвен притисок! Ако го видите, посетете лекар

Високиот крвен притисок, поединечно, е најважниот фактор на ризик за кардиоваскуларни заболувања.

Сите знаеме дека високиот крвен притисок е една од најчестите болести на денешницата, а најлошо од се е што има многу малку симптоми , па дури и ги нема.

Нормалниот крвен притисок е 120/80 mmHg, а се што е над тоа значи дека вашите артерии се под притисок!

Оние кои мерат 180/120 mmHg на уредот обично имаат потешкотии со дишењето, главоболки , збунетост или зуење во ушите, посочува СЗО.

Симптом, кој многумина не го ни забележуваат е отечените прсти на рацете и нозете.

Вашето срце потоа пумпа крв повеќе и посилно низ телото, а потоа има потешкотии да ја врати крвта од екстремитетите во срцето назад, а вишокот се задржува во прстите.

Високиот крвен притисок често е предизвикан од високите количини на натриум (сол) во исхраната, што предизвикува телото да задржува повеќе вода. Овој вишок течност може да се рефлектира на вашите прсти. Неконтролираното висок крвен притисок може да доведе до бубрежно заболување.

Вашите бубрези имаат задача да го отстранат отпадот од крвта и да одржуваат рамнотежа на течности. Ако вашите бубрези немаат доволно крв, тие не можат да ја завршат својата работа. Ова може да доведе до едем или акумулација на течност во ткивата. Едем оток обично се јавува на нозете и стапалата, но можете да го почувствувате и на рацете.

Токму поради сето ова е важно редовно да го мерите крвниот притисок, да ја земате препишаната терапија и доколку почувствувате некакви промени веднаш обратете се кај вашиот лекар. Здравата и урамнотежена исхрана, редовна физичка активност и квалитетен сон се три клучни елементи за регулирање на крвниот притисок, пренесува „ Хелтдигест “.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име