Дома Живот Најточниот неделен хороскоп од 2 до 9 септември! Младата месечина во Девица...

Најточниот неделен хороскоп од 2 до 9 септември! Младата месечина во Девица носи нов почеток за 3 знаци

9414
0

Најточниот неделен хороскоп од 2 до 9 септември! Младата месечина во Девица носи нов почеток за 3 знаци

Младата месечина нè очекува на 3 септември во земниот знак Девица, што значи дека неделата што доаѓа е одлична за нови почетоци. Во интервалот од следните две недели би било пожелно да се сврти нов лист во животот. Младата Месечина ќе има поволно влијание врз сите знаци, особено кај Девиците, Јарците и Биковите. Венера влезе во Вага, а Марс во Рак на 4 септември, што значи големи промени за Раковите, Рибите и Скорпиите.

ОВЕН

Работа – Оваа недела носи зголемена енергија и ентузијазам. Многу Овни ќе почувствуваат потреба да преземат конкретни чекори кон остварување на своите цели. На работа можете да очекувате поддршка од колегите, но бидете подготвени за непредвидени предизвици.

Љубов – Можни се тензии поради недоразбирања, затоа потрудете се да бидете трпеливи и отворени за компромиси. Отворените разговори можат да помогнат да се решат недоразбирањата. Квадратот на Марс и Венера може да предизвика љубоморни сцени доколку сте во брак .

Здравје – Послабо.

БИК

Бизнис – финансии ќе бидат во фокус оваа недела . Можно е да добиете можност за дополнителна заработка или да решите некој долгорочен финансиски проблем. Влегувањето на Марс во Рак ви ја носи моќта на преговарање, па ќе бидете одличен преговарач и ќе можете лесно да ги постигнете своите цели.

Љубов – На љубовен план, поволен период за зајакнување на врската и емотивниот однос со партнерот. Слободните Бикови би можеле да запознаат личност која ги дели нивните вредности. Венера во Вага може да донесе и флерт на работното место.

Здравје – подобро.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Оваа недела носи нови можности за комуникација и поврзување со другите, додека Меркур , вашиот владетел, конечно оди напред. На работа очекувајте нови проекти или соработки кои ќе ви овозможат да ги изразите вашите идеи. Искористете ги можностите за поврзување со другите, бидејќи новите контакти би можеле да отворат врати за идни проекти.

Љубов – Во љубовта важно е да бидете искрени со партнерот и јасно да ги изразувате вашите потреби. Можни се интересни социјални активности кои ќе ви донесат нови контакти.

Здравје – Подобрување.

РАК

Работа – Марс влегува во Ракот на 4 септември, па носи нов излив на енергија што треба да ја насочите во вистинската насока. Оваа недела е идеална за воведување нови здрави навики или за продолжување на некои што веќе сте ги започнале. Можни се предизвици во форма на зголемен обем на работа, но вашата посветеност и трудољубивост ќе донесат резултати .

Љубов – Во емотивна смисла, важно е да му посветите време на партнерот и да внесете повеќе топлина и внимание во врската. Важно е да одржувате рамнотежа помеѓу давањето и примањето. Ретроградниот Сатурн исто така укажува дека минатото ќе затропа на вашата врата .

Здравје – Чувствително.

ЛАВ

Бизнис – Креативноста и самодовербата се во пораст. На работа можни се пофалби или признанија за вашите напори. Се чувствувате креативно и инспирирано. Искористете ја оваа енергија за проекти кои ви носат радост.

Љубов – Ве очекуваат романтични моменти, а слободните Лавови би можеле да го привлечат вниманието на некој кој ја споделува нивната страст за животот. Венера во Вага ви носи флерт преку текст, затоа подгответе се некој да ви изјави љубов.

Здравје – Добро.

ДЕВИЦА

Работа – Марс во Рак ви носи нова енергија и добра организација, па ќе се покажете како добар лидер на тимот во компанијата. На работа бидете внимателни во планирањето и организацијата бидејќи може да се појават нови можности.

Љубов – Важно е да бидете трпеливи и отворено да разговарате со партнерот за иднината. Комуникацијата со партнерот носи длабоко разбирање. Откако Меркур тргна напред, комуникацијата со саканите станува многу подобра.

Здравје – Одлично.

ВАГА

Работа – Оваа недела ви носи потреба од социјални контакти и интелектуална стимулација. Можни се промени на работа кои ќе бараат прилагодување, но вашиот дипломатски пристап ќе ви помогне да најдете рамнотежа.

Љубов – Разговорите за иднината можат да го продлабочат вашиот однос со партнерот, а слободните Ваги би можеле да запознаат личност со слични интереси. Венера во вашиот знак носи можност за заљубување, а ќе има многу можности за нова романса. Вие станувате најубавиот знак во Зодијакот .

Здравје – Стрес.

СКОРПИЈА

Бизнис – Финансиската стабилност е во фокусот. Оваа недела може да донесе можности за подобрување на финансиската состојба или решавање на долгорочните обврски. Марс во Рак ви носи соработка со странски компании, како и можност да патувате поради работа.

Љубов – На љубовен план сте страствени и емотивни, па затоа е важно да ги контролирате вашите реакции и да бидете отворени за искрени разговори. Можни се важни разговори со партнерот за заедничката иднина. Слободните Скорпии ќе имаат тајна љубов поради Венера во Вага.

Здравје – подобро.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Оваа недела е посветена на личниот раст и развој . Можеби ќе почувствувате потреба да се фокусирате на вашите цели и амбиции. Вашата енергија и ентузијазам ви носат нови можности, но внимавајте да не преземете премногу обврски одеднаш.

Љубов – Слободните Стрелци би можеле да запознаат некој кој ги споделува нивните вредности и страсти. Венера во Вага ви носи средба со личност која ви е пријателка, но наеднаш ќе почне да покажува интерес за вас. Мешате љубов и пријателство.

Здравје – подобро.

ЈАРЕЦ

Работа – Интроспекцијата и повлекувањето може да ја одбележат оваа недела. На работа, фокусирајте се на долгорочни проекти и планирање за иднината. Може да има промени во вашата околина кои ќе бараат прилагодување.

Љубов – Во љубовта важно е да бидете искрени со себе и со партнерот за вашите чувства и потреби. Можеби ќе почувствувате потреба за поголема приватност и време за себе. Разговарајте со партнерот за вашите потреби.

Здравје – Послабо.

ВОДОЛИЈА

Работа – Дружењето и дружбите се во преден план. Оваа недела носи нови социјални активности кои ќе ви овозможат да се поврзете со луѓе со слични интереси. На работа вашата креативност и иновативност ќе бидат ценети, а можни се и нови соработки.

Љубов – Вашата социјална природа ќе го привлече вниманието на личност која може да ве изненади со својата оригиналност. Венера во Вага од 29 август може да ви донесе патување со партнерот. Можна е и средба со личност од друг град.

Здравје – Добро.

РИБИ

Работа – Кариерата и амбициите се во фокусот. Оваа недела носи можности за напредување или решавање на важни професионални прашања. Можни се промени или можности кои ќе ви овозможат да напредувате . Можност за нова работа која ќе ја работите од дома.

Љубов – На љубовен план, важно е да бидете искрени со партнерот и да ја слушате вашата интуиција. Слободните Риби би можеле да запознаат некој кој ги инспирира и ги поттикнува да се развиваат лично. Венера во осмата куќа ви носи ново познанство со личност кон која ќе чувствувате силна привлечност.

Здравје – подобро.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име