Состојки:
50 гр путер,
3 лажици шеќер во прав,
150 гр млечно чоколадо или чоколадо за готвење,
150 гр мелени бисквити или (плазма) кокосово брашно или шеќер во прав (за валкање),
Подготовка:
Во тавче стопете го путерот. Стопете го чоколадото во друг сад. Кога ќе ги тргнете од оган, комбинирајте ги стопените состојки и додадете ги во нив шеќерот во прав и мелените бисквити. Мешајте ја смесата додека не стане рамномерна.
Откако ќе ја комбинирате смесата, формирајте топчиња, а потоа извалксјте ги во претходно подготвен сад со кокосово брашно или шеќер во прав. Поставете ги добиените бомбици во фрижидер 20 минути за да се стврднат.
Уживајте!