Дома Здравје Научниците тврдат: Овие осум навики ви го скратуваат животот за 20 години

Научниците тврдат: Овие осум навики ви го скратуваат животот за 20 години

935
0

Научниците тврдат: Овие осум навики ви го скратуваат животот за 20 години
Во текот на истражувањето биле проучувани навиките за животниот стил и користени се податоци од медицинската евиденција и прашалници на 719.147 луѓе.


Научниците идентификуваа осум нездрави животни навики кои, доколку се променат, би можеле да доведат до тоа луѓето да живеат повеќе од 20 години.

Според студијата, недостатокот на вежбање, употребата на опиоиди и пушењето имаат најголемо негативно влијание врз животниот век и може да доведат до 30-45 отсто поголем ризик од смрт.

Стресот, прекумерното пиење, лошата исхрана и лошата хигиена на спиењето се поврзани со зголемување на ризикот од смрт за околу 20 проценти.

Недостатокот на позитивни социјални односи е осмата лоша навика и е поврзана со 5 отсто зголемен ризик од умирање.

Во меѓувреме, посебна студија сугерира дека вклучувањето на маслиново масло во исхраната може да помогне да се намали ризикот од смрт од деменција.

Јадењето повеќе од половина лажица маслиново масло дневно е поврзано со 28 отсто помал ризик од смрт од оваа состојба, во споредба со оние кои никогаш или ретко јаделе маслиново масло, велат истражувачите.

Наодите од двете студии беа претставени на Nutrition 2023, годишниот состанок на Американското здружение за исхрана одржан во Бостон, и може да вклучуваат повеќе ажурирани бројки од податоците првично поднесени за состанокот.

Студијата, која ги разгледуваше навиките за животниот стил, користеше податоци од медицински досиеја и прашалници собрани помеѓу 2011 и 2019 година од 719.147 луѓе.

Откриено е дека на мажите кои ги имаат сите осум здрави навики – вклучувајќи висока физичка активност и непушење – на 40-годишна возраст им се предвидува дека ќе живеат во просек 24 години подолго од мажите кои немаат ниту една од овие навики. Жените би можеле да живеат дополнителни 21 година.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име