Дома Психолошки совети Научниците предупредуваат: Осаменоста е опасна за целиот организам

Научниците предупредуваат: Осаменоста е опасна за целиот организам

607
0

Истражувачите од Универзитетот во Чикаго откриле дека осаменоста може да предизвика имунолошки дефицит, како и голем број сериозни нарушувања.
Осаменоста влијае не само на психата, туку и на целиот организам, тврдат американските научници, а најновата студија открива дека осаменоста може да го доведе нашето тело во смртна опасност.

Истражувачите од Универзитетот во Чикаго откриле дека осаменоста може да предизвика имунолошки дефицит, како и голем број сериозни нарушувања. Со цел да ги разберат последиците од изолацијата врз човечкото тело, научниците подложиле група мажи и жени, постари од 50 години, на серија тестови.

Меѓу учесниците во експериментот имало и такви кои се чувствувале „многу осамено“, додека други чувствувале дека се опкружени со семејството и пријателите.

Мистеријата е решена во областа на генетиката – истражувачите забележале дека одредени гени (поврзани со имунолошкиот систем) се значително поактивни кај луѓето кои страдаат од изолација.

Оваа прекумерна активност негативно влијае на функционирањето на имунолошкиот систем, а со тоа промовира воспалителни процеси кои можат да предизвикаат различни, а пред сè, кардиоваскуларни патологии – со други зборови, да ја направат личноста значително поподложна на сериозни имунолошки и кардиоваскуларни состојби, од кои грижата исто така може да биде опасна по живот.


Од ова, експертите заклучија дека лошото функционирање на имунолошкиот систем може да доведе до повлекување. Само со ова може да се заклучи дека процесот оди во двете насоки – осаменоста води до соматско заболување, но и лошиот имунолошки систем „вовлекува“ во осаменост.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име