Дома Живот Науката докажа дека љубовните врските нè прават подебели

Науката докажа дека љубовните врските нè прават подебели

906
0


Еве, конечно научно е потврдено она во што отсекогаш сме верувале: врската ги дебелее луѓето! Шегата на страна, овој факт го потврди и истражувањето на научниците од Централниот универзитет во Квинсленд во Австралија. Имено, просекот вели дека луѓето кои се во љубовни врски се дебели од слободните, односно оние кои бараат партнери.

Во просек, луѓето во врска се потешки од луѓето кои се сами, тврдат австралиските научници врз основа на нивното истражување. Како оправдување за ова тврдење се наведува дека луѓето во врска чувствуваат дека не мора никого да импресионираат и во суштина не се грижат за нивната тежина. Велат дека привлечен и послаб изглед не е неопходен за привлекување на партнерот, бидејќи веќе го имате, па поради таа причина луѓето се помалку внимателни кога консумираат храна, внесуваат големи количества масти и шеќер.

Интересно е, од друга страна, што луѓето во врски не се стремат кон нездрава исхрана повеќе од луѓето кои се сами. Напротив, откриено е дека паровите консумираат повеќе овошје и зеленчук, а се откажуваат од цигари и алкохол. Истражувањето опфатило 15 илјади луѓе, а траело 10 години.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име