Дома Твој готвач НАПРАВЕТЕ ПОСНА БАКЛАВА СО ОРЕВИ И ПЛАЗМА ЗА СВЕТИ НИКОЛА: Колку подолго...

НАПРАВЕТЕ ПОСНА БАКЛАВА СО ОРЕВИ И ПЛАЗМА ЗА СВЕТИ НИКОЛА: Колку подолго стои, толку е повкусна! (РЕЦЕПТ)

552
0

НАПРАВЕТЕ ПОСНА БАКЛАВА СО ОРЕВИ И ПЛАЗМА ЗА СВЕТИ НИКОЛА: Колку подолго стои, толку е повкусна! (РЕЦЕПТ)

Во остатокот од текстот прочитајте како да направите посна баклава за Свети Никола за да биде сочна, вкусна и ароматична

Баклавата е колач кој се прави од кора и фил, а на крајот се прелива со сируп. Задолжителен е на гозбите, а порано бил десерт наменет за најбогатите слоеви на општеството, како султаните. Во тоа време, ако знаевте да подготвите кралица меѓу слатките пити, тоа беше прашање на престиж. Овој деликатес можете да го направите на неколку начини, со користење на домашни или купени кори од продавница, фил по желба, ореви, ф’стаци… Само состојките се секогаш исти за сирупот. Во остатокот од текстот прочитајте како да направите посна баклава за Свети Никола за да биде сочна, вкусна и ароматична.

Состојки:

300 гр мелени ореви

150 гр мелена плазма

6 лажици гриз

150 мл масло

5 лажици шеќер

150 мл вода

12 кори

За сирупот:

700 мл вода

600 гр шеќер

неколку парчиња лимон

Подготовка:

Шеќерот и водата ставете ги да зовријат, а потоа додадете ги парчињата лимон и варете со повремено мешање додека не добиете погуст сируп. Оставете го да се излади.

Измешајте мелени бисквити, ореви, гриз и шеќер, па сè добро соединете. Потоа истурете ја водата и маслото и убаво измешајте да се соединат сите состојки. Ако е премногу густ, додадете уште малку вода, но внимавајте филот да не е премногу тенок. Во сад измешајте малку вода и масло, со него премачкајте ја кората.

Потоа кората посипете ја со добиената смеса, па одозгора ставете уште една кора, повторно попрскајте ја со вода и масло и премачкајте ја со филот. Повторете го процесот со сите кори и не заборавајте да ја дуплирате секоја кора. Се пече на 220°C околу 30 минути. Исечете, па истурете го изладениот сируп.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име