Дома Твој готвач Направете поинаква бајадера (рецепт)

Направете поинаква бајадера (рецепт)

1516
0

Направете поинаква бајадера (рецепт)

Сакате да експериментирате и да внесувате нешто ново во вашата кујна, без разлика дали се работи за солени или слатки јадења. Доколку сакате да пробате нешто ново, сами направете ја познатата бајадера.

Потребни состојки:

100 мл вода

100 гр путер

200 гр ситно мелени бадеми

две лажици мед

100 гр темно чоколадо

две до три лажици слатка павлака

Начин на подготовка

Додадете путер во зовриена вода да се стопи. Потоа додадете ги мелените бадеми и сè убаво измешајте. Преполовете ја смесата, па додадете ја секоја лажица мед. Потоа на едната половина додадете го чоколадото и мешајте додека смесата не се соедини.

Во плех ставете ја хартијата за печење, по што ќе додадете посветла, а потоа темна смеса. Остатокот од чоколадото растопете го и измешајте со слатката павлака, а добиената смеса прелијте ја бајадера. Така подготвената бајадера ставете ја во фрижидер да се излади, па исечете ја на парчиња по желба.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име