Дома Твој готвач Направете домашното орео колаче (рецепт)

Направете домашното орео колаче (рецепт)

647
0

Зошто да купувате, кога е повкусно од вашата домашна кујна. Можеби не изгледаат како купените, но се превкусни….

Неопходно е:
За бисквитот:

120 гр путер
300-400 гр брашно
1 јајце
150 гр шеќер во прав
50 гр темно какао
малку сол
четвртина лажичка сода бикарбона (можете да користите прашок за пециво)

За полнење:

80-100 гр путер,
екстракт од ванила ,
150 гр шеќер во прав

Подготовка:

Се матат путерот со шеќерот, се додава едно јајце, какаото, малку сол, брашното со сода бикарбона и се замесува мазно тесто. Ставете го во кеса и ставете го во замрзнувач малку да се излади.

Расукајте го тестото околу половина см. потоа извадете ги бисквитите со модла и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Се пече на 200 степени околу 15 мин.

Остатокот од путерот изматете го со шеќерот во прав, додајте ванилин шеќер за да стане пенесто.
Врз изладениот бисквит премачкајте го филот и спојте ги двата бисквити.

Бисквитите можат да останат подолго.. Одлични со кафе и чај.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име